Статистиката на денот за бројот на новозаболени од коронавирус од утре ќе се соопштува до 15 часот

 Институтот за јавно здравје од утре, 31 март, ќе ја доставува статистиката на денот за бројот на новозаболени до 15 часот, за што веднаш ќе пратиме информација до медиумите, соопшти Министерството за здравство, посочувајќи дека е зголемен обемот на работа и информации и е сè поголем бројот на тестирања во повеќе лаборатории кои ги доставуваат своите извештаи до ИЈЗ.

-Правиме огромни напори навремено, транспарентно и точно да ја известуваме јавноста и да комуницираме со медиумите. Во овие моменти е неопходно е да имаме точни, проверени и прецизни податоци и за таа цел го поместуваме времето за известување. Прес-конференциите остануваат да се одвиваат на редовна основа за сите дополнителни информации и прашања од страна на медиумите. Нашата служба за Односи со јавност е максимално посветена да одговори на секое прашање во најкус можен рок и тоа ќе продолжи да го прави и во иднина, информира Министерството за здравство.

Министерството замолува за разбирање доколку во одреден момент недоволно брзо одговори и дека тоа е  најчесто така затоа што службите во здравствените институции кои треба да ги дадат информациите се преоптоварени со своите активности и не можат со очекуваната брзина да ги достават бараните информации.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега