Стефанова: Јанева нанесе огромна штета на СЈО

Дали Катица Јанева е виновна за кривичното дело што се суди, ќе си одлучи судечкиот совет што ја води оваа постапка, но нанесе огромна штета на сметка на специјалното обвинителство и разочараност кај целата правдољубива јавност во државата.

Ова денеска го изјави Лиле Стефанова од СЈО која сведочеше за Рекет.

-„Јавноста има доволно време и доволно информации да се сфати дали јас како предметен истражител во случајот „Империја“ и вработена во СЈО имам било каква поврзаност со дејствијата за кои Јанева денес седи на обвинителните клупи. Се покажа дека ако сте лице коие има политичка и општествена моќ ќе најдете начин преку вршителите на функциите во правосудниот систем да си ја олесните својата положба во кривичните постапки и преку преговори и договори да најдете начин да ја избегнете кривичната одговорност“,  рече Стефанова.

ВИДЕО: Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега