Стефанова призна дека не е во добри односи со Јанева: Камчев при претресот ги пречека полицајците подготвен

На денешното рочиште на случајот „Рекет“ сведочеше поранешата обвинителка од СЈО Лиле Стефанова, воедно и поранешна колешка на Катица Јанева која е осомничена.

Таа истакна дека не е во добри односи со Катица Јанева и оти предметот „Империја“  го започнале од прислушуваните разговори и од други докази, дека Камчев имал двојно државјанство и големо влијние кај сведоците, а Цветан Панделевски, пак, имал лична карта од Грција. Поради тоа, за нив и за уште неколку лица била предложена мерка притвор.

Дури и кога се вршел претрес во домот на Камчев тој и сопругата ги пречекале подготвени, а таму бил и Зоран Милевски Кичеец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега