Стефковски: Направена е штета на буџетот на општина Гази Баба

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски попладнево се обрати до граѓаните на својата официјална фејсбук страна при што истакна дека е направена штета на буџетот на општина Гази Баба.
 
„Комисијата за теренска проверка на договорите за улично осветлување го достави извештајот за спроведената проверка со следниот заклучок:
Комисијата утврди дека постојат разлики помеѓу изведените работи и прикажаните работи во фактурите од страна на економскиот оператор, односно истите не се совпаѓаат.
Извештајот е поткрепен со фотографии.
По ваквиот извештај од комисијата, евидентно е дека е направена штета врз буџетот на општина Гази Баба.
Поради тоа за утре 26.01.2022 година во 11:30 часот закажав прес конференција на која на јавноста ќе и ги преставиме утврдените разлики.
Парите во буџетот на општината се пари на граѓаните и никој нема право да ги злоупотребува. Од мене граѓаните ќе имаат транспарентно и отчетно работење, бидејќи граѓаните имаат право да ја знаат вистината" - напиша Стефковски  на социјалната мрежа Фејзбук.
 

25.01.2022 - 20:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега