Стефковски: Создаваме нова иднина за Гази Баба -4 нови детски градинки

„Грижата за децата од предучилишна возраст, за нивно правилно воспитување е еден од проектите за кој како иден градоначалник на општина Гази Баба имам детално разработен план за негова реализација.

 Изминативе години, родителите од нашата општина се соочуваа со недостаток на слободни места во постоечките детски градинки. Во разговори со нив и на нивно барање, во програмата за локалните избори се обврзувам за изградба на комплетно нови четири детски градинки. И тоа во Керамидница, Сингелиќ, Трубарево и Инџиково.

Со тоа значително ќе се зголеми опфатот на деца од предучилишна возраст во системот на згрижување и ќе се реши долгогодишниот проблем на граѓаните од овие населени места но и од цела Гази Баба“- ова го изјави кандидатот за градоначалник на Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски.

Тој нагласи дека реализацијата на проектот кој е поставен е за четири години, колку што трае и мандатот на градоначалникот.

„Со изградбата на новите 4 детски градинки, листите на чекање за упис на децата во градинка во Општина Гази Баба ќе станат минато.

Дополнително, постоечките градинки на територија на општина Гази Баба, ќе бидат комплетно реновирани со што ќе се овозможи подобри услови за престој на децата и вработените во детските градинки.

Нови современи градинки е еден од приоритетите во мојата понатамошна работа“-додаде кандидатот за градоначалник на опозицијата.

30.09.2021 - 13:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега