Стевановиќ: Барајте помош кај лекарот, не е срамота да бидеш болен

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ,  за ТВ21 кажа дека лекувањето кај заразените  спроведува зависно од клиничката слика. Терапијата се дава врз основа на препораките на СЗО но и според искуството на големите светски центри каде се лекуваат заразените.

Стевановиќ тврди дека на Ковид-19 не може да се гледа црно – бело бидејќи е непредвидлив вирус, но лекувањето на пациентите е со постојан надзор во текот на лекувањето. Голем број пациенти кои се лекуваат минуваат со полесни симптоми вели таа. Од почетокот на епидемијата, 346 починале. Стевановиќ апелира никој да не се срами од болеста туку да побара лекарска помош, бидејќи за жал поголемиот број од жртвите се тие кои доцна побарале помош.

Персоналот не е во најдобар број, но Стевановиќ вели дека се подготвени да се соочат со секој предизвик.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега