Стигнаа честитките за Џафери од Албанија: Албанскиот претседател му посака среќа на новиот премиер
Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, му честиташе на Талат Џафери за неговиот избор за шеф на техничката влада на Северна Македонија.
-Најискрени честитки до новата техничка влада на Северна Македонија и нејзиниот премиер, Талат Џафери. И покрај временските ограничувања и овластувањата, оваа влада има предизвик и привилегија да спроведе слободни и фер избори, да ја одржи стабилноста и евроатлантскиот курс на земјата и да ја докаже способноста да биде инклузивна и кооперативна со сите фактори, без политичка и етничка разлика, напиша Бегај на Фејсбук.
Исто така оценува дека Албанците се важен фактор за стабилноста и иднината на РСМ и оти „ова е случај да докажат дека лидерството го гледаат само во перспективата на интеграција на РСМ во ЕУ“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа