Стоилковски: АНБ е средиште за правење криминал

Огромен скандал е што наместо Агенцијата за национална безбедност да биде место за справување со криминалот, заштита на суверенитетот, уставното уредување, правата и слободи на човекот, таа е средиште за правење на криминал. Членови на Агенцијата со луѓе од подземјето правеле криминал, монтирале случаи, пишувале белешки. Аферата Рекет на Катица Јанева се заменува со нова афера, овој пат институционализирана од Виктор Димовски од СДСМ, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додава дека, тоа се случува кога партијата на власт станува држава!

„Во која друга европска држава, држава во ЕУ, луѓето коишто треба да се грижат за националната безбедност, тие ја поткопуваат? Како се случило оперативци на АНБ да прават рекет, а притоа државата да ги штити истите? Ова е компромитирање на севкупниот систем за национална безбедност. Вака ли се пишувале белешки и за други случаи коишто се во функција на политичкиот прогон, наместо за сузбивање на криминал? Ова ли е новото лице на СДСМ“-додаде портпаролот Стоилковски. 

05.11.2021 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега