Стоилковски: Фирми на Зоран и Вице Заеви должат милион и 220.000 евра данок кон државата

Фирми на Зоран и Вице Заеви должат еден милион и 220.000 евра данок кон државата, објави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

– Ова е листата на фирмите – должници кон државата, листа на ненаплатени даноци доспеани до септември лани, а ненаплатени до крајот на годината. И наместо да служат за пример за другите, на оваа листа, на листата на неплаќачи на данок се и фирмите на Заеви. На 47. место на оваа листа е  „Дравас Инженеринг“ ДОО Струмица, со вкупно ненаплатен данок од 41 милион 325.000 денари, а на 55. место е познатата „Сара инженеринг“ ДОО Струмица со 33 милиони 812.000 ненаплатени денари. Или вкупно над 75 милиони денари. Внимавајте, семејните фирми на премиерот, кој што ја задолжува државата, не плаќа данок и ги има на листата на должници кон УЈП со над еден милион и двесте илјади евра! – рече Стоилковски, кој посочи дека во таква ситуација директорката на УЈП е унапредена во СДСМ.

23.05.2021 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега