Стоилковски: И 20 дена по автобуската несреќа во Бугарија нема одговорност ниту виновник

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, вечерва во Телевизија 24, истакна дека новиот лидер на СДСМ Димитар Ковачевски, кој наследува одговорност за автобуската несреќа и кризите во земјава нема да промени ништо, затоа што Заев се уште ќе ја води политиката на партијата.

„Денеска е точно 20 дена од автобуската несреќа во Бугарија, а во Македонија нема одговорност, нема никаков виновник, нема разрешен случај, а веќе поминаа и три месеци и една недела од модуларната болница во Тетово, 60-тина наши сограѓани живи изгореа, на пеколен начин ги загубија животите, а одговорност во Македонија нема“, вели Стоилковски.

Во големата трагедија во Бугарија во автобус на превозникот од Тетово „Беса Транс“ животот го загубија 45 лица, а седуммина се повредени.

Според Стоилковски и покрај тоа што Ковачевски е нов лидер на партијата, тој смета дек Заев и натаму ќе работи во позадина, а вели дека владејачката коалиција нема капацитет да ги менаџира кризите со кои се соочува државата.

13.12.2021 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега