Стоилковски: Јавно приватно партнерство во последниве пет години се поврзува само со бројни афери

„Во текот на годината редовно сакале или не и она што не е баш пријатно за слушање излегуваат бројни афери поврзани со криминал и корупција и лукративност, а тоа и ќе биде една од темите на денешната трибина. Последиците од таа корупција и негрижата добија видливост во времето на пандемијата. Пандемијата ја покажа целосната политизација, корупција и едноставно немање на протоколи барем во првите година ипол или две од КОВИД-19“, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина насловена „Состојбите во здравството“ организирана од ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски додаде дека кога се говори за јавното здравство тоа опфаќа многу поголем спектар на учесници отколку само доктори, а тоа се сестри, болничари, лаборанти, медицински персонал, кои што исто така се дел и ја креираат сликата за здравството, а тие за жал се недоволно почитувани од страна на оваа влада.

„И ќе дадам лична оценка за министерството за здравство во делот на јавно приватно партнерство наместо да се добијат поквалитетни услуги, самиот термин јавно приватно партнерство во последниве пет години се поврзува само со бројни афери. Кај нас се поврзува со стерилизација на хируршките инструменти, понатаму приватизација на Брза помош, исто така една лукративна идеја која што се појави во Владата водена од СДСМ и ДУИ, па дури стигна и до момент на набавка на медицински хеликоптери, а притоа еден проект како Клинички центар пет години се најавува односно на секои шест месеци, а нема ниту основен проект направено“, појасни Стоилковски.

Стоилковски додаде дека речиси две години немаше протоколи пропишани за борбата односно справување со КОВИД-19. Дури не само што државата немаше доволен број на вакцини, туку немаше ниту доволен број на тестови за детектирање на вирусот КОВИД-19.

„Во извештајот на ЕК се вели дека Македонија е делумно усогласена со правото на ЕУ за заразни болести. И понатаму има во делот за вакцинацијата дека третиот бран на пандемијата го доведе капацитетот на здравствениот систем до неговите граници за зафатеност на болнички кревети до 90%, а вакцинацијата започна во февруари 2021 година. Според националниот план е предвидено 60% од населението да се вакцинира до крајот на 2021 година. До почетокот на октомври 2021 година целосно вакцинирани во Македонија биле само околу 35% од населението“, истакна Стоилковски.

Стоилковски потсети дека покрај немањето на протоколи и немање на вакцини се поттикна недовербата кај граѓаните кон јавното здравство, но и кон вакцинацијата.

„На оваа трибина се разгледа по неколку месеци извештајот на ЕК за јавното здравство во Македонија. Но се разгледаа и состојбите во јавното здравство. И се дојде до заклучок дека е потребна реорганизација во јавното здравство во Македонија за да може да одговори на предизвиците и тоа мора да биде проследено со една континуирана и специјализирана обука која што има застанато неколку години“, посочи Стоилковски.

Стоилковски додаде дека јавното здравство е разорано од власта со криминал и корупција, лукративни моменти.

03.04.2022 - 13:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега