Стоилковски: Наумоски да каже дали од Општина Ѓорче Петров ќе замине со два нови џипа?

Неверојатна е способноста на функционер од СДСМ, фатен во тесно, мирно да спие и да не одговори!  Еве на пример Александар Наумоски, оној градоначалникот на Ѓорче Петров, си одмолче цел ден.Можеби на Наумоски не му е незгодно што според ѓорчевци, тој можеби ќе замине од функцијата со два џипа, и ќе остане запаметен по паркот, корзото пред неговиот имот и за планот за 100 нови згради во Хром?

Ова вечерва во „Коментар на денот“ го истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Според него, градоначалникот на Ѓорче Петров за корзото ја задолжил општината за 80 милиони денари.

-Но, уште поинтересно е што ако купил џип, нов џип, уште еден џип во градоначалничкиот мандатот, по оној купениот по само една година локална власт, би требало да биде доблесен и да каже од каде му се парите? Не секој денес може да поднови со нов џип, мерцедес МЛ, нов! Ама како функционер, уште и градоначалник, за нов џип на крајот од мандатот би требало и да докаже како го заработил, па ако Наумоски купил џип, редно е да каже како за три години од купувањето џип БМВ, со градоначалничка плата купил уште еден нов џип? Овој пат Мерцедес, МЛ! И верувам дека сите ги интересира што би кажал Наумоски, дали овој возен парк на крајот од мандатот е поврзан со носењето на дуповите за 100 згради во Хром? Наумовски, ти молчи си, ама ѓорчевци си зборат и гласно прашуваат. Прашуваат зошто од ветени 256 проекти си исполнил само 18? И зошто наместо ветените Трговски центри, базени, музеи, театри, училишта си сработил 100 згради во Хром? И дали тоа со право го поврзуваат со возниот парк? Или можеби се во право оние зли јазици што велат дека Наумоски не можел да заштеди од плата за два скапи џипа, па  тоа да го поврзуваат не само за оние 100 згради, туку и за измената на оние 25 дупови кои што сега, на крај на мандат Наумоски ги турка низ општината?, прашува Стоилковски.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2021 - 19:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега