Стоилковски: Нема притвор за производство на дрога затоа што е брат на шефот на кабинет на Ковачевски?

-Зад мене ја следите полициската видео снимка при акција во скопско Визбегово, каде според медиумските полициски спектакли, била пронајдена лабораторија за дрога, нелегални садници марихуана, просторија за сушење подготовка за продажба, шприцеви полни со хашиш, смола и што сѐ не. Претресите се правени во неколку објекти и приведени се три лица, меѓу кои и 38 годишниот И.П. И.П е затекнат при обработка на марихуаната! И сѐ ова се случува 24 септември 2020 година. И сѐ до ден денешен нема судска разрешница за овој спектакл, акција на МВР, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

 

24.01.2022 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега