Стоилковски: СДСМ е извор на лаги и разочарувања, СДСМ е најлошото за Македонија

СДСМ ги излажаа скопјани за парк во центарот на Скопје наместо облакодери, додадоа 9 000 м2 на градежниот плац! Наместо менување на ДУП-от за парк наместо облакодери тука во центарот на Скопје, наместо ветуваниот парк, СДСМ и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски продадоа дополнителни над 9 000 м2 за дооформување на градежна парцела за облакодерите, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портапорл на ВМРО-ДПМНЕ.

– За споредба, првичниот плац за облакодерите беше 4.000 квадратни метри, а со продажбата во 2018-та година, среде мораториумот за градба, среде лагите за парк, парцелата станува над 13 000 метри квадратни! На 4 000 метри површина за која се ширеше лагата и се ширеа лажните очекувања дека нема да има облакодери, СДСМ и нивниот ресорен министер Сугарески, допродадоа државно земјиште за дооформување на парцелата и го шири градежниот имот на над 13 000 метри квадратни за нови облакодери во центарот на Скопје, вели тој.

Стоилковски прашува: Што е ова ако не е лага? Што е ова ако не е изигрувања на очекувањата? Што е ова ако не е недостаток на морал? Што е ова ако не е тешка лага? Што е ова ако не изигрување на дадениот збор?

– Ќе потсетам што се ветуваше и како ја ширеа лагата, искажани преку зборовите на Мирослав Грчев. „Град Скопје може веднаш да го смени генералниот урбанистички план“, па Грчев продолжува – „Треба да бидат избришани облакодерите бидејќи просторот е од огромно суштинско и историско значење за градот“. СДСМ ИЗЛАЖА за парк наместо облакодери во Центар, до толку што 4 000 метри квадратни ги направија 13 000 метри квадратни. СДСМ е извор на лаги и разочарувања, СДСМ е најлошото за Центар, СДСМ е најлошото за Скопје, СДСМ е најлошото за Македонија, додаде тој.

13.07.2021 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега