Стоилковски: Што бара Радмила со Катица кај Боки 13?

Радмила Шекеринска цел ден молчи откако во јавноста вчера излезе снимка од која што се гледа како таа седи во опуштена атмосфера со извршителите во случајот „Рекет“, Боки 13 и Катица Јанева. За кои што половина СДСМ тврдеше дека не ги познава и дека се знаат само од телевизија. Шекеринска мора да одговори за што разговарала со двајца сега веќе осудени за случајот „Рекет“? Уште повеќе, зошто Шекеринска во јавноста ги негираше средбите во домот на Боки13? Што крие Радмила Шекеринска од јавноста, кога не признаваше дека имала средби со Боки13? Што се разговарало на тие средби за кои што таа не сака и сокрива од јавноста, запраша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Откако дознавме дека парите од „Рекет“ завршиле кај Зоран и Вице Заев, сега гледаме и дека на Боки13 на гости му одела и Радмила Шекеринска, вториот човек во СДСМ. 

Видеото кое што беше објавено на социјалните мрежи директно ја покажува сета спрега на СДСМ и нејзината рекетарска влада!

Видеото ја покажува блискоста на СДСМ со специјалната јавна обвинителка, сега затвореничка, и како што сами ја нарекуваа, провладината телевизија!

Видеото покажува и какви ли се не докази се сокриени од страна на ЈО, јавните обвинители Јовески и Русковска!

Што ли уште треба да се појави во јавноста за конечно да се расчисти главата, нарачателите и главните луѓе во случајот „Рекет“?

За потсетување, телефоните на сега обвинетите не се вештачени, иако беше посочувано од осудените среде судот, среде судскиот процес за „Рекет“.

Беше барано, а ЈО молчи и одби вештачење на телефоните на Зоран Заев, претседателот на СДСМ и шефот на Радмила Шекеринска!

Почитувани, 

Ова е директен доказ за трас-трас судството и Луј Витон обвинителството за неправосудството во Република Македонија. Македонија повеќе не може да издржи компромис со криминалот. СДСМ и Зоран Заев покажаа дека можат само повеќе криминал, повеќе рекет, повеќе корупција, повеќе порази и повеќе понижувања! Да ставиме крај на виткањето на кичмата! Исправи се Македонијо, одбери Обнова“, кажа Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега