Стоилковски: Слушнав дека на градоначалнмикот на Аеродром му фалеле даски, па еве јас му донесов

Работата на Златко Марин е слика и прилика за работата и за односот кон граѓаните на СДСМ. Златко Марин е слика и прилика за работата и односот кон граѓаните на Зоран Заев. Срамно и понижувачки е еден избран функционер во една држава која што запаѓа во рецесија за едно вакво парче дрво да даде 300 евра. И тоа да го плаќа од општинскиот буџет, да го плаќа од парите на граѓаните, рече во изјава за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Слушнав дека на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин му фалеле даски, па еве одлучив јас да му најдам, да му донесам едно метро дрвена даска 10 на 10 како што побара.

Тоа е оваа даска од едно метро, за која што Златко Марин бидејќи му фалела даска плаќал 300 евра за едно метро ваква даска. Не, за цела греда од четири метри, туку само за едно метро, токму олкава даска, дрвена даска. Едно метро, 300 евра, толку плаќа, толку проценил дека треба да плати Златко Марин.

Шегата на страна, ова е срамно, ова е понижувачки за граѓаните во Република Македонија.

Градоначалник на една скопска општина, во време на рецесија, во време на 60.000 нови невработени, во време кога затвораат мали и средни фирми, во време кога граѓани остануваат без работа, во време кога работници во текстилната индустрија добиваат само два денари плата месечно, Златко Марин се одлучил да даде 300 евра за едно вакво парче дрво.

Работата на Златко Марин е слика и прилика за работата и за односот кон граѓаните на СДСМ. Златко Марин е слика и прилика за работата и односот кон граѓаните на Зоран Заев.

Срамно и понижувачки е еден избран функционер во една држава која што запаѓа во рецесија за едно вакво парче дрво да даде 300 евра. И тоа да го плаќа од општинскиот буџет, да го плаќа од парите на граѓаните.

Јас сега ќе му ја оставам оваа дрвена греда, ова е едно метро, 10 на 10, без да му побарам 300 евра на Златко Марин.

 

А, вам ќе ви порачам да проверите колку точно чинат вакви греди 10 на 10, за да се уверите и сами во разликата која што беспоштедно ја расфрла Златко Марин од вашите пари, од народните пари, од општинските пари, од буџетот на Македонија“, рече Стоилковски.

21.05.2021 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега