Стоилковски: Со „блескавиот“ министер Филипче Македонија никако да започне со вакцинација против КОВИД-19

Утринава во „Радио Лидер“ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски кој говореше за вакцините против КОВИД-19 кои никако да пристигнат во Македонија, а во регионот вакцинацијата се одвива уште од декември.

„Да се вратиме на почетокот кога сите велеа доаѓа страшна епидемија, сите држави се подготвени, државите набавуваат реагенси за да може да прават тестирања, сите држави внимаваат на економијата за да можат го истрпат овој удар од короната. Што правеше Македонија, според Заев таа „блескаше“. Треба да потстетам дека „блескавме“? Дека немавме тие реагенси со што требаше да се испитуваат граѓаните на почетокот, па сите земји околу нас имаа, а ние не ни знаевме какви реагенси требаа, Филипче нели беше оној „блескавиот“ министер. Што се случи? Што се случи од тогаш до сега? Целосно каскање и заостанување и со набавка на вакцини, и со вакцинирање односно со се“, рече Стоилковски.

Стоилковски додаде дека кој знае кога „Фајзер“ ќе му ја издаде дозволата на Филипче, за колку вакцини Македонија ќе добие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.02.2021 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега