Стоилковски: Улици и патишта е четврта институција што изгоре, дали се горат материјали за да се штити криминал?

Пожарот во бараките на ЈП Улици и Патишта кој ја опустоши документацијата и целокупната архива за работењето на ова претпријатие е четврт пожар по ред во државна институција. Уште е нејасно што се изгорело, кога и како настанал пожарот и која е причината за тоа. Дали станува збор за намерно подметнување на пожар со цел да изгорат одредени материјали и доколку да каков криминал се штити, изјави денеска за медиумите, Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека пожарот во ЈП Улици и Патишта доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за Животна средина, министерството за правда.

– Во сите 4 институции запалени меѓудругото се и документи од институциите. СДСМ мора да одговори дали ваквите пожари не се дел од смислено сценарио за уништување на документација за можен криминал во работењето на овие институции? Дали и за ова ќе биде виновен некој продолжен кабел, праша портпаролот.

Тој ги повикува ОЈО и надлежните институции детално да истражат случајот, да се ослободат од притисокот на власта и да работат исклучиво по слово на законот.

– Одговорност мора да има, дециден е Стоилковски.

22.12.2021 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега