Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ јавно се откажа од буџетско финансирање уште пред една недела, ама на СДСМ не му се слуша

Наум Стоилковски портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус поврзан со јавното откажување на ВМРО-ДПМНЕ од буџетското финансирање.

-ВМРО-ДПМНЕ јавно се откажа од буџетско финансирање уште пред една недела! Ама на СДСМ не му се слуша, па ја злоупотребуваат г-ѓа Снежана за празни пресови наместо решенија и одговори.
А уште ги чекаме кога ќе се откажат министрите и функционерите од своите плати:

Рената Дескоска од 70 илјади денари;

Зетот на Дескоска, Николче Тасевски од платата од 188.000 денари;

Оливер Спасовски од 90 илјади денари;

Радмила Шекеринска од 80 илјади денари;

Дамјан Манчевски од 70 илјади денари;

Мила Цароска од 74 илјади денари;

Роберт Поповски од 72 илјади денари;

Никола Димитров од 72 илјади денари…

Снежана, ќе ги повикаш ли утре твоите сопартијци да се откажат од платите и да поработат про-боно два месеци?, прашува Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега