Стоилковски за пукањето во Чаир: Спасовски мисли дека ако молчи вистината нема да излезе на виделина

Измина уште еден ден без одговори и одговорност од Оливер Спасовски и МВР заради молк и сокривање на криминогени дејства, пукање, лажни извештаи, криење на видеоснимка како доказ, учество на функционер во БЈБ од ДУИ во ослободување на лице приведено по пукање, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во онос на инцидентот во скопски Чаир

„Полицијата е претворена во сервис на СДСМ за заштита на мафијата и криминалот. Само и само за гола власт, со Оливер Спасовски и СДСМ на чело на МВР, криминалци со врски во ДУИ вадат пиштоли и пукаат кон униформирани полицајци по контрола на автомобил на којшто има, внимавајте, таканаречени полициски флешери. Само и само за гола власт, Оливер Спасовски и СДСМ ја ставаат полицијата и МВР во подредена ситуација пред криминалот.

Оливер Спасовски и СДСМ мислат дека ако молчат, вистината нема да излезе на виделина. Така беше со дрогата во Прилеп, така беше со пасошите за мафијашите, така беше со убиството на ракометарот. Така молчат и сега. За Оливер Спасовски и СДСМ, системот Сејф Сити го има и постои само за набавка на софтвери и за политички притисок врз неистомисленици.

Спасовски е должен да одговори за видео снимката на социјалните медиуми, да одговори за вмешаноста на заменик директорот на БЈБ во случајот, да одговори дали за пукачот цела година имало документ за апсење заради одлежување затворска казна, да одговори дали и доколку е така зошто полицискиот извештај не се совпаѓа со снимениот настан?

 

Спасовски не смее повеќе да се крие, мора да има одговорност за криењето на фактите за пукањето во Чаир“, посочи партискиот портпарол.

31.05.2022 - 13:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега