Стоилковски: Заев те тужи, Заев те суди, а корупцијата и криминалот цветаат

Место веднаш Зоран Заев да биде повикан во обвинителството во врска со неговото влијание врз судските одлуки и истрага за вмешаност во организирањето на Рекет, по изнесената комуникација на Заев во врска со одредувањето на поблага мерка за Јасна Мандиќ, главата на ЈО за организиран криминал вчера се појави на нарачано телевизиско интервју да го брани криминалот на Зоран Заев и да ја напаѓа ВМРО-ДПМНЕ!, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски

Иако целиот случај е скандалозен, Ниту во тоа нарачано интервју не слушнавме аргументи зошто Заев се уште не е повикан да одговори за врската со Меѓународен сојуз и што бил поттикот тој да нарачува да нема притвор за Јасна Мандиќ? Нема одговор ниту како е можно да се случува токму тоа што го напишал Заев – да нема притвор. Нема одговор ниту кој му поднесува извештаи – сметки на Заев среде обвинителска акција, па тој како пишал, проверува, па пишува дека „многу заглавила“ па после исполнува желби „нема притвор“.

Нема одговор ниту за Владосудството – односно како е можно Зоран Заев да добива информации за обвинителските истраги, да спречува истраги, како што сам еднаш се пофали, па и кај него да се бара и тој да средува по негова желба кој и дали да лежи затвор или притвор сеедно.

Ова не е прв случај и доказ за вмешаност на Заев во криминал, особено во Рекет, случај за кој што првоосудениот неколку пати побара вештачење на неговиот и телефонот на Зоран Заев, што беше одбиено, а за потсетување „го снема“ и телефонот на Катица Јанева, најголемиот играч на Зоран Заев, инаку второобвинета во овој случај.

И секако, нема одговор каде се парите од Рекет, а токму првоосудениот порача – „Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви“.

Правосудната власт во демократија е независна, трета власт, во која премиер не смее да помисли да дигне телефон. Само во диктатура каква што спроведува Зоран Заев со играчи како Вилма Рускоска и Добрила Кацарска, премиерот нарачува обвинителски и судски процеси, а криминалот и корупцијата цветаат. А токму тоа се докажува во Македонија.

Заев те тужи, Заев те суди, а корупцијата и криминалот се пуштени на најсилно! Заев нарачува и одредува за тоа за кого да има обвинителен акт, кој ќе добие притвор и кој колкава пресуда ќе лежи. Со ваква диктатура на Зоран Заев, Македонија уште долго ќе остане заглавена на дното.

Време е за оставки!, рече Стоилковски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.12.2020 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега