Стојаноска: Нема поитна и поактуелна тема од скандалот на Онкологија, Собранието има и надзорна улога
„На денешната седница побаравме дополнување на дневниот ред, со предлог точка за расправа по однос на извештаите на ДЗР, во кои изминативе години се нотираат најголемиот број на неправилности во институциите, вклучително и сомнежи во однос на работењето на Клиниката за радиотерапија и онкологија, како и со предлог за основање на анкетна комисија за скандалот во истата клиника“, изјави денеска пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.
„Бидејќи сме сведоци како во минатото таљатовата собраниска пракса покажала дека тој има ексклузивно право за отворање и затворање точки без разлика на нивниот распоред и без почитување на Деловникот, алармираме и потенцираме дека и двете овие точки можат уште веднаш, денес да бидат отворени и да се постапи по нив.
Нема поитна и поактуелна тема од скандалот на онкологија. Јавноста очекува одговори, а Собранието има и надзорна улога. Затоа нека не се обидуваат да ја заобиколуваат и одолговлекуваат темата бидејќи немаат ниту време ниту оправдување“, истакна пратеничката Стојаноска.
Таа додаде дека срамот и одговорноста им биле огромни, затоа правеле се', да избегаат од тоа јавно да се проговори за еден од најголемите скандали што ја згрози македонската јавност.
„Нивната неодговорност продуцира нови и нови скандали. Затоа време е да се соочат со нивната одговорност и доколку навистина имаат чесни намери тогаш нема зошто денес да не ја отвориме оваа тема“, додаде во своето излагање пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа