Стојаноска од Гостивар: Да победи обновата, младите да останат во Републикава

Носителката на листа на пратеници во ИЕ 6, Дафина Стојаноска денеска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја посетија општината Гостивар. При посетата на Гостивар, Стојаноска на граѓаните им порача дека на 15-ти јули ќе се стави крај на Зоран Заев и неговата криминална влада и конечно ќе огрее сонцето за македонските граѓани.

-За мене вашето вечерашно присуство и поддршка значат огромна одговорност. А, за нас сите Македонија е најголемата одговорност. Штом сте сите тука вечерва знам и сум сигурна дека Македонија е жива и дека сите заедно ќе ја исправиме, истакна Стојаноска.

Стојаноска се заблагодари на граѓаните што веруваат и знаат дека доаѓа часот кога ќе започне обновата на Македонија.

-Многу видовме во изминативе три години, само не видовме дека власта нешто направи за своите сограѓани и за својата земја. Имаа време, добија историска шанса без изборна победа да формираат влада, добија се, но немаа искрени намери и капацитет. Ни ја направија Македонија земја во која царуваат неправдата и криминалот. Наместо 500 километри автопатишта, видовме милионски рекети. Наместо 500 евра просечна плата дочекавме министрите во Владата на Зоран Заев да местат тендери и договори во четири очи. Наместо правда и мир, дочекавме патриотите да се зад решетки, а криминалците да се ослободувани токму од Заев и неговата т.н. правда. Видовме се, само не она што Заев го ветуваше, нагласи Стојаноска.

Рече дека поуката од заевиот хибриден режим е Заев коцкарот со сопствениот народ, Заев оној кој вулгарно го опцу својот народ, Заев два пати аболицираниот криминалец, Заев никогаш да не се повтори.

-Да се обединиме за да никогаш не дозволиме младоста на нашите деца да биде украдена и продадена. Вечерашното будење нека ги крене на нозе сите, и старо и младо, и женско и машко, македонско, албанско, турско, ромско, српско, бошњачко, влашко. Сите заедно да се разбудиме и да си го вратиме изгубеното достоинство, зашто тука во Гостивар но и низ цела Македонија понижени сме сите заедно, за што ниту ни донесоа живот, ниту ни донесоа едно општество за сите, потенцираше Стојаноска.

Таа порача дека на 15-ти јули ќе победи вистината и работата, ќе победи обновата на Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 20:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа