Стојаноска: Оваа криминална власт вчера го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај


Од победничко Јегуновце, најпрво се заблагодарувам и им честитам на сите граѓани на Република Македонија, особено на тие од изборната единица шест, затоа што вчера ја направија Македонија горда, истакна Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.

Вчерашниот датум, 24 април, оваа криминална власт го доби жолтиот картон, а црвениот и следува на 8 мај, рече Стојаноска.

„Денес продолжуваме со стисок на рака повеќе и барање на глас повеќе, заедно да се обединиме против криминалот.

 

Ова политичко зло да го испратиме во пензија и Македонија повторно да ја направиме твоја и повторно горда“, посочи Стојаноска.

25.04.2024 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега