Стојаноски: Немаме вакцини, но затоа задолжувањето продолжува, за еден ден задолжување од 116 милиони евра

На алчноста и расипништвото во власта им нема крај. Еден ден, една недела не може да помине, а да нема некое ново задолжување. Неодговорната, неспособната и најкриминалната влада во Европа предводена од Заев и СДСМ повторно, во само еден ден, ја задолжија Република Македонија за вртоглава сума од 116,5 милиони евра, обвинува Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова е уште еден грабеж на македонските граѓани, на македонската економија. Грабеж на македонската иднина. Во услови кога македонската економија е на колена, кога над 55 илјади граѓани останаа без работа и околу 6000 компании се затворија, во услови кога секојдневно расте бројката на заразени и починати од КОВИД 19, а ние сеуште немаме вакцини и јасна стратегија како да ја преживееме оваа пандемија, Зоран Заев и неговата влада упорно ја задолжуваат државата и ја тераат во амбис од кои децении, генерации и поколенија ќе ни бидат потребни да излеземе, рече тој.

Стојаноски порача: „Срамота е СДСМ и Зоран Заев секојдневно да ги задолжуваат граѓаните, за да трошат пари на непродуктивни работи. Личните луксузирања, возењето со мотори и хеликоптери, одморите во Мексико и Дубаи, бизнисите на Николовски, тендерите на Рашковски и Царовска, како и илјадниците партиски вработувања не смеат да бидат на трошок и на сметка на граѓаните“.

-Како одговорна партија, ние мораме да ја запознаеме јавноста со поразителните и страшни факти кои покажуваат дека во овој момент, со задолжувањата од почетокот на оваа година до денес, јавниот долг на Република Македонија изнесува околу 7 милијарди евра, надминувајќи го Мастрихтшкиот критериум за задолженост и сега сме задолжени над 60 проценти од БДП кои што не вцрстува во земјите кои што се веќе високо задолжени. Што значи ова за граѓаните и за државата? Ова значи дека Република Македонија денес е банкротирана држава која нема да може да ги враќа кредитите и да ги сервисира сопствените обврски, истакна пратеникот.

Тој наведе дека колку за потсетување, кога СДСМ ја презема власта, јавниот долг на Република Македонија изнесуваше 46,1% од БДП и ја рангираше Македонија во групата на нормално и средно задолжени држави.

-Од друга страна, задолжувањето додека  вртоглаво расте, а капитални инвестиции речиси и да не постојат. Реализацијата на капиталните инвестиции за првите три месеци од оваа година изнесува срамни 10%. Четири години власта нема ставено камен на камен, нема изградено барем еден километар автопат.  Нема проекти, нема нови фабрики и странски инвестиции, нема отворање на нови работни места, нема нов клинички центар, нема нови училишта и градинки. Едноставно нема проекти. Едноставно како што прават во сите сфери на општеството нема ништо. Само криминал, безидејност и апатија. Никој не знае каде и за што се трошат милијардите кои утре сите ние заедно ќе ги враќаме. Очигледно, СДСМ и Заев само се задолжуваат и крадат, а ништо не градат. СДСМ и Заев покажаа дека не знаат и не можат да ја водат државата. Со СДСМ и Зоран Заев, Република Македонија само тоне во долгови и камати, а граѓаните воопшто не ни знаат каде и за што се трошат овие нивни позајмени пари. Граѓаните се исплашени, немаат пари, немаат доверба во оваа криминална влада дека ќе донесе подобра и посигурна иднина. Но, крајот на СДСМ е видлив и повеќе од сигурен. На сите криминали и скандали многу бргу ќе им дојде крајот, а ние како ВМРО-ДПМНЕ порачуваме дека за сето ова, за сите криминали, злодела и злоупотреби од страна на СДСМ и Заев, ќе има одговорност, порача тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2021 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега