Стојаноски: Ребалансот на Буџетот не е за граѓаните, туку за власта да продолжи да краде

Во услови на пандемија имаме најголем Буџет, а ниту едно евро нема за капитална инвестиција. Во наредните шест месеци граѓаните нема да добијат ниту еден километар автопат, ниту ќе се гради болница, училишта, спортски сали и слично, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на собраниската дебата за ребаланс на Буџетот.

Стојаноски посочи дека се вкалкулирани поскапување на електричната енергија 12,5 проценти со нивелација на ДДВ, и граѓаните ќе почувствуваат недомаќинско работење.

– Граѓаните ќе плаќаат поскапо гориво, ќе се воведат нови даноци, ќе има покачување на постоечките како ДДВ и на други даноци – рече Стојаноски.

Оттука, додаде тој, ќе има само осиромашување на граѓаните и намалување на животниот стандард.

– На граѓаните ќе им останат само поскапувањата, сиромаштијата, а власта ќе прави мегаломански буџети за предизборен поткуп и за овие од елитата од власта да продолжат со крадење додека цел свет кажува дека Македонија напредува само во корупција – заклучи Стојаноски.

28.07.2021 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега