Стојаноски: СДСМ не смее да го осуди недоличното однесување на Џафери, бидејќи знаат дека ќе им падне Владата

Нема понижување кое СДСМ нема да го преземе на својот грб како терет само за останат на власт. Не смеат, еве пак ќе кажам не смеат да го кажат тоа пред јавноста, да го осудат тоа срамно однесување, недостоинствено, особено за некој со таква функција, затоа што ќе им падне Владата, затоа што во оваа Влада ДУИ се тие коишто ги држат конците за жал а СДСМ е само нем набљудувач, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во емисијата Што не е јасно на телевизија Алфа за скандалот каде собранискиот спикер Талат Џафери со навредливи зборови им се обраќа на собраниските службеници.
 
Тој истакна дека е апсурдно тоа што премиерот Ковачевски поставува прашања околу автентичноста на скандалозното видео, посочувајќи дека пратеници и вработени биле во салата и се понудиле да сведочат за настанот.
 
Утредента или ден потоа не се сеќавам точно не ме држете за збор, видовме како отиде Ковачевски седнат помеѓу Ахмети и Џафери во Чаир на стадион да ја слави титулата на Шкупи и како очекуваме тој човек да каже или да го осуди тоа однесување. Со ова СДСМ само го зема срамот на однесувањето на Џафери на свој грб и ќе тераат вака и ќе се прават дека при очи не виделе и дека при уши не слушнале се до оној момент додека ДУИ се партијата што одлучува дали СДСМ ќе продолжи да биде на власт или не, посочи Стојаноски.
 
Стојаноски нагласи дека се обидуваат целиот скандал да го заташкаат, додавајќи дека ова не е првпат претседателот на Собранието да се однесува недолично и со навредливи зборови, како и дека самиот чин е срам за државата.
23.05.2022 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега