Стојаноски: Срамота е една влада да се фали со „успех” како рушење на дивоградба

Срам ми е што денеска топ тема во Република Македонија е рушење на дивоградба во центарот на Скопје, која се гради скоро четири месеци. Срамота е една влада да се фали со таков “успех” во првиот ден од мандатот, оценува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

„Оние кои што дозволиле таа да се изгради со цел тие што имаат интерес да ја градат да работат во кампањата за нив, сега се фалат дека почнале институциите да функционираат.

Чудно се појави и сопственикот кој досега беше непознат !

Наместо да се зборува за новоотворените фабрики од странските инвестиции, нови стипендии за студентите и учениците, антикризни мерки кои ќе ја помогнат економијата и оние кои што останале без работа или неколку месеци се на минималец, нашата реалност денеска е рушење на дивоградба во центарот на Скопје.

Тоа е реалноста со владата на СДСМ. Повеќе не можат од ова“ – пишува тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега