Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ е за членство во ЕУ, но сепак мора да се почитува нашата историја и идентитет

„Ние бараме власта, Заев и Бучковски да го објават тој патоказ, да објават за што разговараат и за што се преговара, заради тоа што она што можевме да го видиме од изјавите на официјална Софија ставен е на маса македонскиот идентитет, македонската историја и македонскиот јазик. И за тоа ние решивме преку овие протести, преку овие блокади кои што ќе траат три дена во континуитет, денеска сме на три локации во градот Скопје, тоа е раскрсницата тука до нас НИП Нова Македонија, Мавровка како и во десет градови во Република Македонија да ја испратиме пораката дека јавноста и народот мора да знае за што се преговара бидејќи поучени од поведението кое што се случувало до сега, секогаш кога сме биле на ваков стадиум Македонија губела и се соочувала со национално предавство. Нашата интенција е тоа да го спречиме, да го објават тој патоказ и сите да видиме што се преговара и дали тоа е прифатливо или не е прифатливо, знаејќи го поведението на овие луѓе, тоа е далеку над црвените линии“, истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во изјава за вести на Алфа телевизија.

Стојаноски додаде дека официјалната Софија и нивното МНР излезе со став дека не отстапуваат од позициите кои што беа и претходно.

„ВМРО-ДПМНЕ е за членство и интеграција во ЕУ, но сепак мора да се почитува нашата посебност како народ, нашата историја, нашиот идентитет и нашиот јазик. Знаеме дека досега во сите ситуации кои што сме ги имале да просведочиме, Владата на Зоран Заев е таа што капитулира и ние сакаме тоа да го спречиме. Сметам дека треба да се покаже малку поголема национална свест во решавањето на овие историски, национални и би рекол прашања кои што го засегаат и постоењето на еден народ заради тоа што без историјата, без нашиот идентитет и без јазикот како одредена посебност која што не одликува како одредена белегзија на самиот македонски народ ние тогаш што би барале, каде и да членуваме“, рече Стојаноски.

Стојаноски посочи дека на јавноста патоказот треба да и се покаже бидејќи има право да знае за што Бучковски и Заев преговараат со официјална Софија.

„Од аспект на одлуката ја повикувам ЕУ да даде зелено светло за да Македонија може да ги започне преговорите, заради тоа што е  долгогодишен труд и ветување од нивна страна како и многу би кажал и откажувања кои што ги претрпе македонскиот народ “,истакна Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во изјава за вести на Алфа телевизија.

Стојаноски  додаде дека опозицијата будно ја набљудува власта.

„Им се извинувам на сите оние кои што ќе бидат затечени во сообраќајниот метеж но мора да знаат дека цената на ова е македонскиот идентитет, македонската историја, македонскиот јазик, а тоа нема цена“, нагласи Стојаноски.

08.06.2021 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега