Стојановска: Артан Груби е сонце кое заоѓа

Артан Груби е зајдисонце кое се труди што подолго да заоѓа, тврди пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот Груби дека е сигурен дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат за промена на Уставот.
“Артан Груби е едно зајдисонце кое што е во неуспешен обид ова неогово заоѓање да трае подолго. Оваа негова изјава е само во насока за негов личен спас и во насока да му наштети на ВМРО-ДПМНЕ со тоа што ги зема во прегратка пратнеиците на Левица за кои што тврди дека сигурно ќе гласале против уставните измени во насока да ја покрие корупцијата во ДУИ каде што е лидер и еден од најкорумпираните. Не може Артан Груби да се однесува како пророк да кажува што ќе се случува со нашите пратеници и нашите коалициони партнери, бидјеќи тука се уште се едни двајца пратеници кои и во 2018 не попуштија на едни човечки и нечовечки притисоци. Лик како Артан Груби, најкорупмиран во државата не може да се однесува ниту како пророк ниту да зборува за некои европски вредности“ – порача Стојановска.

 

01.11.2022 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега