Стојановска: Ќе предложиме имиња, ама никаде во законот не стои дека опозицијата мора да гласа за техничка влада
Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека нема официјални имиња кои ќе бидат дел од техничката влада, туку дека тие ќе бидат соопштени на утрешната седница на Извршниот комитет.
- После таа седница ќе излеземе со официјално соопштение за имињата на двајцата технички предлог министри и тројца технички заменици министри. Ако се држиме до законот и принципите ВМРО-ДПМНЕ нема да ретерира и ние предложивме да нема техничка влада. Ќе предложиме имиња, но никаде во законот не стои дека е обврска дека пратеници на опозицијата се должни да гласаат за таа техничка влада, рече Стојановска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа