Стојановска: За Заев националните интереси се како низа црвени пиперки на тезга во Муртино

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска на денешниот протест пред Министерството за надворешни работи рече дека националните интереси се црвена линија за секоја европска и светска држава.

амо за Зоран Заев македонските национални интереси се како низа црвени пиперки коишто седнал да ги продава како на една тезга во Муртино. Би сакала да направам и една паралела со актуелното фудбалско првенство коешто е во тек и на коешто вчера видовме дека целиот македонски народ се обедини и во еден глас навиваше за нашите фудбалери, фудбалерите на репрезентацијата на Македонија, повторувам на Македонија. Додека пак од друга страна тука во Македонија имаме еден лажен навивач и лажен преговарач, тоа е Зоран Заев, којшто единствено за коешто навива и преговара е да се спаси од сопствените велепредавства и криминали, рече Стојановска.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш била на линијата на мнозинството македонски народ.

ака е и овој пат, така е и денес, така ќе биде и утре, за среда веќе се најави и се закажа седницата во парламентот на Комисијата за надворешни работи на којашто потврди присуство и министерот за надворешни работи Бујар Османи којшто останува да го сослушаме и да видиме што има да ни каже нас како претставници на народот во тој парламент, околу тоа за што и како преговараат во пресрет на португалското заседавње со Европската Комисија. Би сакала да порачам дека остануваме тука и утре, а за тоа што ќе се случува после среда, односно после онаа Комисија останува да го изразиме нашето мислење и став откако сето тоа ќе се случи. Македонија според Устав е независна, самоуверена и самостојна држава и секој кошто ќе се одлучи ова да го прекрши, односно којшто ќе се обиде дел од декларацијата на Бугарија којашто е усвоена во бугарскиот парламент  во декември 2019 година, ќе значи дека го нарушува Уставот на Република Македонија и за тоа еден ден секако ќе одговара, а ќе одговара пред оние судови во коишто нема да вмешано името на Зоран Заев преку неговите судии, обвинители и итн, рече Стојановска.

Според неа, Заев немал право да одлучува за круцијални прашања.

-Тој ден ќе дојде, а ние остануваме тука секако да се спротивставиме на овие погубни политики и секако да спречиме уште еден нов македонски национален срам, срам којшто ќе значи погибие на македонската историја, македонската култура и мешање во македонските учебници за историја. Тоа е наше богатство, наша сопственост и Зоран Заев нема апсолутно никакво право сам во свое име да одлучува за вакви круцијални прашања кои се однесуваат на Република Македонија, вели пратеничката.

14.06.2021 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега