Стојановски: Наместо арач - одговорност за Онкологија
„Наместо арач - одговорност за Онкологија“, побара денеска од Собрание пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски.
„На криминалците од власта поважно им е да го соберат арачот за да продолжат да крадат, а трагедиите на пациентите од Онкологија и фактот дека некој свесно убивал луѓе сакаат да ги сокријат низ Собраниските лавиринти. За потсетување на граѓаните, ова не е даночна реформа, туку арач на сите нивоа. Со данокот за додадена вредност се зголемува ДДВ за храна на 10%, наместо моменталните 5%. Иако бараме веќе неколку месеци, Власта одбива да ја даде целосната листа на производи што ќе ги поскапи. Во услови на инфлација, која е особено изразена кај прехранбените производи, Власта дополнително ќе ги покачи цени. Дрско, безобразно и надвор од реалноста“, изјави Стојановски.
Тој додава дека во ЕУ овој данок се однесува само на енергетските компании кои работат со нафта, јаглен, природен гас и електрична енергија.
„Овој закон нема поддршка од ниту еден општествен чинител и сите стопански комори се едногласно против ова решение. Власта ќе собере стотина милиони евра од граѓаните и стопанството. Овие пари власта може да ги собере со сузбивање на распространетата сива економија, но тоа не го прави. Полесно им е да зголемат давачки отколку да работат. За крај повторно сакам да апелирам до мнозинството, дајте веднаш да ја почнеме постапката и расправата за случувањата на Онкологија. Секој изминат ден, е можност за трговците со цитостатици да ги заташкаат трагите. Мора да се утврдат лицата кои направиле злоупотреба и истите да бидат соодветно казнети. Довербата пациент доктор е сериозно нарушена, да се лоцира одговорност е повеќе од неопходно“, додаде пратеникот Стојановски..
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа