Стојкоски се сретна со шампионките на ЖРК Ѓорче Петров
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска оствари средба со ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров, кои вторпат по ред ја освоија двојната круна – титулата во Првенството и трофејот во Купот на Македонија во женска конкуренција, соопштија од Општината.
Стојкоски им честитал на ракометарките и на стручниот штаб за извонредната сезона и за континуираниот успех што го постигнуваат на национално ниво.
- Ѓорче Петров е гордо на вас. Со вашата посветеност, тимски дух и резултати, вие сте вистински амбасадори на нашата општина. Како локална самоуправа ќе продолжиме активно да го поддржуваме спортот, затоа што веруваме дека преку спортот се гради здрава и успешна заедница, изјавил градоначалникот Стојкоски.
ЖРК Ѓорче Петров, велат од Општината, е еден од најуспешните женски спортски колективи во земјава и континуирано ги претставува боите на општината со огромен успех.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа