Столтенберг наредната недела во Париз - ќе разговара со Макрон за „мозочната смрт на НАТО“

-Следната недела одам во Париз за да разговарам со претседателот Макрон и подобро да ја разберам неговата порака и причините за неговата критика, рече Столтенберг на прес конференција во Брисел.

Столтенберг додаде дека најдобро е да се разговара кога постојат несогласувања.

Макрон неодамна во интервју за британски „Економист“ изјави дека НАТО е во состојба на „мозочна смрт“, осудувајќи го недостатокот на координација меѓу САД и Европа, како и едностраното однесување на Турција во Сирија.

Столтенберг ги отфрли критиките за недостаток на политички консултации за стратешките прашања.

-НАТО постојано разговара за важните стратешки прашања. Тоа го правиме на секоја средба. Меѓутоа, ние сме сојуз од 29 држави и понекогаш постојат несогласувања за пристапот што треба да го имаме, додаде тој.

Според него, за критиките од Франција ќе се дискутира и утре на средбата на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО, на која ќе се подготвува и самитот на Алијансата, закажан за 3 и 4 декември во Лондон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.11.2019 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега