Страшна несреќа во Македонија: Маж си го расекол лицето со пила

Маж се повредил со моторна пила во пределот на лицето додека работел во Кичево.

Во 15.15 часот во Полициска станица Кичево било пријавено дека околу 12.45 часот во објект на улицата „Јане Сандански“, 51-годишниот Н.В. од Кичево, при работа со моторна пила се повредил во пределот на лицето.

Н.В. бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.10.2019 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега