Страшна несреќа во Македонија - Прегазен пешак

Битолчанец е тешко повреден откако бил прегазен вчера наутро од автомобил.

Во 08.45 часот на крстосница од улицата „Партизанска“, „Тошо Даскало“ и „Стрчин“ во Битола, патничко моторно возило „ауди’’ со битолски регистарски ознаки, управувано од 39-годишниот И.Т. од Битола удрило во 62-годишниот С.Д. од Битола.

Во незгодата С.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Битола за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега