Страшна сцена на Жабљак: Снег што паднал од зграда затрупал мајка и 2-годишно дете
Огромна количина снег и мраз паднала од кровот на зграда во центарот на Жабљак во Црна Горан врз жена и дете, а благодарение на реакцијата на граѓаните и полицијата, тие не се здобиле со повреди.
Како што објаснува порталот ЦдМ, во околу 16 часот вчера, четиричлено семејство пешки се движело кон центарот на Жабљак, а додека поминувале низ една станбена зграда од кровот паднала голема количина снег и мраз и целосно ги затрупала жената и 2-годишното дете.
Реагирале и вработените во блиските објекти, како и припадници на полицијата и други граѓани кои со помош на лопати за снег и голи раце брзо го отстраниле снегот и мразот.
Ја пронашле мајката стуткана врз детето и ги извлекле од наносот и евакуирани од Брзата помош.
После медицинскиот третман утврдено е дека немаат повреди кои бараат специјалистички прегледи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа