Страшна сообраќајка: Малолетник загинал на лице место во Скопје- Итната помош можела само да констатира смрт

Малолетник загина на лице место во сообраќајка вчера во Скопје.

-На 24.04.2021 во 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на на ул.„500“ во с.Марино, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(30) од Скопје и мопед „априлија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Скопје, информираат од МВР.

Од здобиените повреди малолетникот починал на местото на незгодата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено за обдукција, а возилото било однесено на вонреден технички преглед.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.04.2021 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега