Страшно невреме ја погоди Австрија: Улиците забелени од град- предизвикани милионски штети (ВИДЕО)

Силното невреме што погоди делови на Австрија во текот на ноќта предизвика милионски штети.

Градот што падна во провинциите Горна Австрија и Салцбург го оштети земјоделството, но исто така предизвика штета и на куќите.

- Досега не сме имале вакво големо невреме кое предизвикува толку голема штета - рече директорот на австриското осигурување против градот.

Штетата се проценува, само за земјоделството во Горна Австрија, на околу 22 милиони евра.

Невремето предизвика големи штети на површина од околу 40.000 хектари, а уништи овошје, зеленчук и култури.

Во општината Талгау, градот го уништи покривот на неколку куќи, а пожарникарите исто така мораа да ја испумпуваат водата што влегуваше во подрумите.

Исто така, во многу делови на Горна Австрија и Салцбург беа уништени прозорците на автомобилите, беа оштетени фасадите на зградите, а земјоделските полиња беа целосно уништени.

Во Горна Австрија, на некои места, градот ги покри патиштата, а на некои места достигна 40 сантиметри, па мораше да се ангажира механизацијата за чистење на снегот.

По тој повод, австрискиот канцелар Себастијан Курц разговараше со гувернерите на двете провинции и вети помош од сојузната држава.

„Ќе им помогнеме на погодените граѓани со средства од Фондот за природни катастрофи“, објави Курц.

23.06.2021 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа