Страшно убиство во Белград: Си го убил соседот, па му ги исекол рацете и нозете - судот донесе одлука

Вишиот суд во Белград го осуди денеска на 15 години затвор 38-годишниот Обрен Зиројевиќ поради убиство на 61-годишниот Драго Машуловиќ во 2015 година, во белградската населба миријево.

Зиројевиќ е осуден за кривичното дело „обично“ убиство за кое максимална казна затвор е од 15 години, на која е осуден.

Ова е втора првостепшена пресуда бидејќи првата, со која беше осуден на 40 години затвор поради тешко убиство на подмукол начин, претходно беше укината од Апелациониот суд и наложи судењето да се повтори.

Машуловиќ бил усмртен со 15 удари во главата. Зиројевиќ потоа во купатилото му ги отсекол рацете до рамена, двете нозе до колкови, а потоа и двете потколеници во предолот на колената. Тој потоа неговото тело го спакувал во неколку кутии.

Најпрво се верувало дека Зријовиќ го искасапил Машуловиќ за да го прикерие делото. Го убил наводно, поради долг од 3.000 евра.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2019 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега