Стравична глетка во Виена - тинејџери пронашле крвава вреќа во парк, полицијата со апел за помош

Тинејџери во парк во виенската општина Фаворитен наишле на морничава глетка.

Имено, тие зад една дрвена ограда во Валдмилер паркот во околу 23 часот пронашле крвава кеса, а кога ја отвориле биле запрепастени. Во вреќата имало мртво машко беебе и црвен пешкир, а и женски панталони.

Со обдукцијата било утврдено дека детето лежело мртво во паркот од 3 до 7 дена. Пластичната вреќа во која било пронајдено детето, според наводите на полицијата е од супермаркетот Лидл.

Дали детето било живо при раѓањето ќе се утврди со посебен преглед, а полицијата интензивно трага по мајката на новороденчето. Истражувачите ги молат граѓаните за помош и информации за тоа дали познаваат некоја жена која бил бремена, а сега тврди дека имала абортус, родила мртвороденче, или детето го дала на посвојување.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2019 - 19:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега