Струмичанец пробал да удри полицаец - заврши зад решетки

На 06.08.2022 во 00.50 часот во угостителски објект на ул„Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.В.(47) од Струмица. Тој ги попречувал полициските службеници да извршат контрола во угостителскиот објект, а се обидел и физички да нападне еден полициски службеник, информираат од МВР.

Инаку, при контрола во објектот биле затекнати двајца малолетници од Радовиш и струмичко после 24.00 часот кои конзумирале алкохол. И.В. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него и угостителскито објект ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. 

 

06.08.2022 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега