Струмичани организирале роденденска забава и објавувале видеа на кои се гледало дека има многу луѓе

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство – Струмица ќе поднесе кривична пријава против Л.К. (36)  и Д.К. (44) и двајцата од Струмица, поради постоење основано сомневање дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, казниво по член 206 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

На 5 јануари во домот на првопријавениот во Струмица, организирале роденденска прослава на првопријавениот, на која присуствувале повеќе лица што е спротивно на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од Ковид-19, предизвикана од вирусот SARS-COV-2, случаите и временскиот период на нивна примена.

Од прославата, второпријавениот снимил видео содржини на кои се гледа присуство на повеќе лица и така снимените видео содржини  ги дистрибуирал низ социјалните мрежи.

Од страна на полициски службеници при СВР-Струмица, преземени се мерки за расчистување и документирање на настанот. Обезбедени се објавените видео содржини од организираната роденденска прослава, извршени се службени разговори, а се преземаат и дополнителни мерки за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.01.2021 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега