Струмичанка украла торба со девизи и ја закопала во двор

44 годишна струмичанка се сомничи за кражба откако од жител во село Старо Коњарево одзела чанта со пари во различни валути информира МВР.

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел кривична пријава против З.Г.(44) од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, известува министерството за внатрешни работи.

На 29.03.2021 пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути.

На 07.04.2021, полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега