Студен бран пристигнува во Македонија

До крајот на денов времето во државава ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, локално ќе има зголемена облачност со услови за слаби врнежи од дожд и снег на планините. Во текот на претстојната ноќ ќе има повремен локален дожд и снег на планините.

Поради спуштање на значително постудена воздушна маса од север ќе започне да дува северен и североисточен ветер кој полека ќе засилува на интензитет, во текот на ноќта и утре услови за провејување на снег ќе има и на местата со помала надморска височина, особено во северната половина од државава. Максималните дневни температури од утре ќе бидат многу пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Разведрување на времето насекаде ќе има во текот на утрешната ноќ, токму поради ова и температуритењ на воздухот во вторник наутро ќе бидат насекаде негативни и ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -3 степени.

Нова промена на времето и врнежи ќе има од четврток.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.11.2020 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега