Студено утро, но топол ден - Kaкви температури нe' очекуваат утре?

Утре наутро времето ќе биде студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата и ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на претежно сончево време со студени утра. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за магла и ниска облачност, особено во југозападните и југоисточните делови.

27.10.2021 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега