Студија: Вакцинираните бремени жени им ги пренесуваат антителата на бебињата

Според најновата студија, вакцинираните бремени жени им обезбедуваат заштита од ковид-19 на нивните бебиња.

Имено, научниците го измериле нивото на антитела во крвта од папочната врвца за да утврдат дали имунитетот доаѓа од инфекцијата со коронавирус или од вакцините. На нивно изненадување, сите 36 новороденчиња во студијата чии мајки примиле вакцини Модерна или Фајзер за време на бременоста, имале заштитни антитела.

За да се утврди дали антителата се предизвикани од вакцината или од инфекцијата, експертите барале специфични антитела што се појавуваат по вакцинацијата или по прележувањето на болеста, како протеинот нуклеокапсид, што е присутен само во случај на инфекција.

Од 36 бремени жени, 31 развиле имунитет преку вакцинација. Останатите пет не биле тестирани за протеинот нуклеокапсид, па експертите не можат со сигурност да кажат како е создадена заштитата, пишува Блумберг.

„Резултатите покажуваат многу охрабрувачки нивоа на антитела во крвта од папочната врвца“, рече гинекологот Линда Екерт од Универзитетот во Вашингтон.

Во меѓувреме, Фајзер започнал своја студија за ефектот на нивната вакцина за време на бременоста и кај новороденчињата, но истата е одложена поради етички проблеми околу употребата на плацебо.

Според американските центри за контрола и превенција на болести, до 11 септември, само 30% од бремените жени на возраст од 18 до 49 години ги примиле двете дози на вакцината.

23.09.2021 - 23:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега