Стушко: Работник паднал од скеле, тешко е повреден

Градежен работник се здобил со тешки телесни повреди при пад од скеле додека работел на објект во струшлата населба Езерски лозја, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, во Одделението за внатрешни рабпти – Струга вчера во 17.15 часот  било пријавено дека 37-годишниот У.Б. од Охрид се повредил при изведување градежни работи на куќа во Струшко.

– Тој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Полициски екипи извршиле увид на местото на незгодата

22.10.2021 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега