Судот ја смени казната: Директорите на модуларната во Тетово ќе одат во затвор
Тетовскиот суд ги прогласи Флорин Бесими и Артан Етеми за виновни за тешки дела против општата сигурност во случајот за пожарот во модуларната болница, кој загинаа 14 лица, а правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово одговорно за предизвикување на општа опасност. Тие се осудени на 1 година и 6 месеци затвор. Додека пак клиничката болница во Тетово доби казна од 1 милион денари, пренесе Телма.
Ова е втора пресуда за случајот, откако во првата беше досудена условна казна за директорите Бесими и Етеми која беше поништена од Апелациониот суд во Гостивар.
16.05.2025 - 12:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа